Во понеделник нов протест за случајот „Онкологија“
Во понеделник во 18:00 часот ќе се одржи нов протест за случајот „Онкологија“.
Како што посочуваат организаторите, протестот ќе започне пред Владата, а ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде, како што наведуваат ќе побараат одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.
„Повторно Ве повикуваме на протест во понеделник пред Влада, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство