Свет
8. February 2018 - 8:55

Во Пјонгјанг почна воена парада

Во Пјонгјанг денеска почна воена парада посветена на 70-годишнината од формирањето на Корејската народна армија, јавија јужнокорејски медиуми, повикувајќи се на извор од Владата.

Подетални информации засега нема. Севернокорејската телевизија не пренесува од настанот во живо.

За известување од таа парада оваа година не се поканети странски новинари.

Парадата е организирана во пресрет на отворањето на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.

Минатиот месец Северна Кореја соопшти дека оваа година ќе ја одбележи годишнината од формирањето на армијата на 8 февруари наместо на 25 април кога во принцип се одржува.