Свет
13. May 2016 - 13:02

Во падот на авионот МХ17 изгубиле три деца, а сега добиле ќерка

Родителите кои ги изгубиле своите три деца во падот на малезискиот Боинг во Украина добиле девојче. Виолет Меј Меслин родена е овој вторник во австралиски Перт. Нејзините родители Ентони Меслин и Мерит Норис, велат дека раѓањето на Виолет е доказ дека љубовта е посилна од омразата.
 
- Се уште живееме во болка, но малата Виолет ни донесе светло во темнината, иако знаеме дека нашите три деца се тука заедно со нас - вели Мерит додавајќи дека верува дека нивните три деца Мо, Еви и Отис заедно со нивниот дедо Ник од небото им пратиле чудесен дар, пишува Деили Меил.
 
Малезискиот Боинг срушен е со ракета од земја на подрачјето на источна Украина во јули 2014. Во несреќата загинаа сите 298 патници на авионот заедно со авионскиот екипаж.
 
Децата на Ентони и Мерит тогаш имале по 10, 12 и 13 години, а патувале кон својот дом заедно со нивниот дедо.
 
Се претпоставува дека патничкиот авион е срушен од тип на ракета Бук, но се уште не е јасно кој ја испалил, Украинската војска или проруските бунтовници.