Во Отава Самит на лидерите на Северна Америка
Лидерите на САД, Канада и Мексико, Барак Обама, Џастин Трудо и Енрике Пења Нијето се спротивставија на бранот на трговскиот протекционизам и антиглобализацијата на Самитот на лидерите на Северна Америка, кој вчера почна во Отава.
Се очекува тројцата лидери да пронајдат начини за зајакнување на слободната трговија во согласност со Северноамериканската спогодба за слободна трговија од пред 22 години, позната како НАФТА во момент кога меѓународните трговски спогодби се изложени на критика и во Европа и во САД.
Обама, Трудо и Нијето ја поддржуваат спогодбата НАФТА, а нивните земји заедно сочинувата речиси 27 отсто од светската трговска размена.
Лидерите на Северна Америка исто така ќе разговараат и за Спогодбата за транспацифичко партнерство и начините таа да се ратификува во нивните земји.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба