Балкан
5. March 2018 - 11:11

Во опереацијата „Маслиново гранче“ досега неутрализирани 2.777 терористи

Турските вооружени сили неутрализирале 2.777 терористи од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на градот Африн во северна Сирија, соопшти Генералштабот на турската армија.

Во рамките на операцијата во Африн во изминатото деноноќие се убиени уште 165 терористи од единиците на Силите за заштита на народот, Курдската работничка партија, Партијата на демократскиот сојуз и екстремистичката група „Исламска држава“.

Генералштабот на турската Армија исто така информира дека во тек се копнени и воздушни напади „насочени кон неутрализација на терористичките организации“.

Воената операција „Маслиново гранче“ почна на 20 јануари.