Македонија
5. August 2024 - 16:33

Во охридско се дејствува од воздух

Пожар кај Галичица на границата со Албанија.

Не стивнуваат пожарите во охридско.И додека состојбата со огнот  кај Косел и Опеница се става под контрола претпладнево избувна пожар на планината Галичица на границата со Албанија.Станува збор  за тешко пристапен терен кон кој се упатени противпожарни екипи од Албанија, а испратени се координати до воздухопловните единици кои веќе дејствуваат во охридскиот регион за воздушна поддршка .Кај Косел пожарот се гасеше со два хеликоптери еден на македонската полиција  и еден српски.

Градоначалникот Пецаков најави дека пожарот  кај Косел е пред елиминација благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух.Инаку пожарот  зафати голема површина, високо квалитетна дабова и борова шума.

Моментално на Галичица каде е активен пожарот дува западен ветер кој неповолно влијае на развојот на ситуацијата, а неофицијално во сите опожарени места во охридско причина за пожарите е човечки фактор.