Во Охрид се санираат последиците од невремето
Општина Охрид информира дека по невремето кое попладево го зафати градот, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците.
Воедно, од општината апелираат до сите граѓани да ги информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира.
Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.
Инаку, во невремето проследено со обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер, што зафати повеќе градови во земјава попладнево, најмногу дожд до 16:00 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен.
Според податоците од УХМР, попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса беа североисточните и југозападните делови од земјава, а нестабилноста беше поинтензивна во регионот на Куманово и Крива Паланка, Пелагонија и Охридскиот регион.
Ново на Сител
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски