Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници
Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул синоќа прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници.
„Прогласувам вонредна состојба во државата за да ги зајакнеме нашите напори во борбата против мајмуните сипаници“, напиша Хочул на Твитер.
Таа додаде дека повеќе од еден од четири случаи на мајмунски сипаници во САД се регистрирани во Њујорк, што исто така има непропорционално влијание врз ризичните групи.
Заклучно со 29 јули, државата Њујорк имаше вкупно 1383 потврдени случаи на мајмунски сипаници, според веб-страницата на Одделот за здравство на градот.
Бразил и Шпанија претходно ги пријавија првите смртни случаи предизвикани од мајмунски сипаници надвор од Африка, а Светската здравствена организација минатата недела прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на епидемијата на мајмунски сипаници.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки