Во недела „Шопска свадба“ во кратовското село Куклица
На локалитетот Камени кукли во кратовското село Куклица, в недела (30. септември), ќе се одржи 4-та манифестација „Шопска свадба“ .
Организатор е Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно Ризница“ од Куманово, а се очекува масовна посетеност на манифестацијата.
Младенците се венчаваат по традиционални обичаи од Кратовскиот крај, а годинава кума на свадбата ќе биде пејачката Благица Хаџи Павловска.
- Петокот, на 28. септември, на платото на НУ Центар за култура, Куманово ќе се одржи првиот дел од фестивалот „Денови на балканска етно-ризница“ со учество на еминентни наши музичари, гости од Бугарија, Србија, како и учество на ансамбл од Краков, Полска. Првиот дел од фестивалот ќе се одржи во Куманово, а во сабота вечер, на плоштадот во Кратово, ќе се одржи вториот дел од фестивалот каде што ќе има ревија на народни носии со учество на еминентни музичари од Македонија. Овој викенд ќе биде интересно да се биде во Куманово и Кратово, да се присуствува на манифестациите кои ги организираме, информира Драган Митевски од „Етно ризница“.
Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно Ризница“ тековно работи на собирање изворни народни песни кои подоцна ќе бидат објавени, а досега е издадено едно ЦД со изворни народни песни од североисточниот регион, а второто е во подготовка.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница