Во напуштен објект во Дебар пронајдени 20 килограми марихуана
Припадници на Одделението за внатрешни работи од Дебар вчера во напуштен објект откриле и заплениле четири вреќи со марихуана.
– Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Дебар, на излезот од Дебар, во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион, пронашле четири вреќи со марихуана, во вкупна количина од околу 20 килограми, изјави денеска Стефан Димоски од Секторот за внатрешни работи Охрид.
Тој додава дека по насоки на Јавен обвинител дрогата е предадена на вештачење, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Напуштениот објект каде што била скриена дрогата се наоѓа на излезот од Дебар на регионалниот патен правец Дебар – Струга.
Неофицијално се дознава дека дрогата била прошверцувана од соседна Албанија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски
-
Македонија во чест на просветителите: Молебен во Рим
-
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко
-
Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција
-
Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада
-
Партиите на Бошњаците и Србите во Македонија со поделени мислења за усвоената Резолуција за геноцидот во Сребреница
-
Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
-
Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк