Во Мумбај откриен сојот ХЕ на коронавирусот, позаразен од претходните
Првиот случај на нов вид на коронавирус под името XE е откриен денеска во Индија, во градот Мумбај, соопшти Општинската управа.
Овој вид е откриен на почетокот на 2022 година, а Британската здравствена агенција на 3 април објави дека XE првпат бил откриен на 19 јануари и оттогаш во Велика Британија се потврдени 637 случаи.
XE е „рекомбинантен“ и мутацијата е BA.1 и BA.2 омикронски подсоеви. Рекомбинантните мутации се појавуваат кога пациентот е инфициран со повеќе видови на коронавирус. Видовите потоа го мешаат генетскиот материјал за време на репликацијата и формираат нов сој, објаснуваат британските експерти во документот објавен во „Бритиш медикал журнал“.
СЗО проценува дека XE е 10 отсто позаразна од подсојот на омикрон BA.2.
– Прелиминарните проценки покажуваат дека ширењето на заразата е за 10 отсто поголемо во споредба со BA.2, меѓутоа, овие наоди бараат дополнителна потврда, соопшти здравствената агенција на ОН.
Од 230 пациенти во Мумбај чии примероци се секвенционирани, 228 се позитивни на Омикрон, еден на сојот Капа и еден на XE.
Вкупно 21 пациент се хоспитализирани, некои од нив со кислородна поддршка. Од 21 пациент, 12 биле невакцинирани, додека девет примиле две дози.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место