-->
-->
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-->
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во март годинава се пониски за 2,8 отсто на месечно ниво, а повисоки за 0,8 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторните бензини во март годинава е повисока за 4,9 отсто на месечно ниво и за 3,9 отсто на годишно ниво, додека на дизелот е пониска за 4,5 отсто на месечно, а повисока за 0,7 отсто на годишно ниво.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Тие се повикуваат на движењето на овие трошоци во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано