Во МАНУ трета јавна дебата за нацрт-амандманите на Уставот
Во МАНУ денеска се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-амандмани за измена на Уставот на Република Македонија.
На дебата ќе се обратат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Експертски осврт на дебата ќе дадат академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ, а академик Таки Фити ќе го отвори настaнот и ќе ја модерира дискусијата.
Првата јавна расправа за уставните измени се одржа во средата во Владата, а втората вчера на Универзитетот ФОН.
Последните две јавни дебати се закажани за в понеделник во Штип и во Тетово.
По завршувањето на јавните расправи Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз