-->
-->
Во Македонска Каменица се гради детско игралиште
-->
Во населбата која е подалеку од центарот на градот и на земјиште што ги поврзува улиците „Илинденска“, „Македонска“ и „Осоговска“ се гради детско игралиште. Инвестицијата е вредна 2,8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.
Градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски информира дека игралиштето е на барање на жителте од трите улици.
- Игралиштето се гради на државно земјиште и според проектот тоа ќе биде на три нивоа, со сите потребни реквизити. Се надеваме дека ќе не послужат временските услови и ќе ги завршиме градежните работи најдоцна до идната пролет, рече Митевски.
Жителите се задоволни од изградбата на детското игралиште. Според нив, на овие улици има многу деца.
Ова детско игралиште е четврто што се гради во рударска Каменица последниве години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома
-
Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили
-
Николоски на средби со министри за транспорт на ЕУ ја презентираше инвестициската програма на Владата
-
Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме
-
Тошковски: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери
-
Жена физички нападнала вработен во општина Кочани
-
Гостиварец се заканувал на сопругата, на нејзината мајка и на ќерката
-
Маж се соблекувал пред малолетници