Во Македонска Каменица годинава најчести пожарите на отворен простор
Во Македонска Каменица годинава регистрирани се 10 интервенции на пожари со опожарена површина од 75 декари. Информацијата ја соопшти командирот на Територијалната противпожарна единица Малин Трајчевски, кој додаде дека повеќето од интервенциите се пожари на отворен простор.
– Во тековната 2020 година имаме 10 интервенции, од кои две се технички, а осум пожари во шума. Некоја голема штета при пожарите во објекти не е забележана, додека при интервенциите на пожари на отворен простор регистриран е опожарен простор од околу 75 декари, рече Трајчевски.
За потребите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денеска по претходно спроведена јавна набавка целосно е завршена надградбата на противпожарно возило со кое се гаснат пожарите.
-Со ова, ТППЕ Македонска Каменица според потребите за делување на единиците, добива зголемена мобилност и олеснет пристап до крајните населени места на територијата на општина Македонска Каменица, истакнаа од општината.
За реализација на оваа активност, како што додадоа надлежните, се издвоени средства во висина од 1,2 милиони денари со што според нив значително се подобрува ефикасноста на ПП возилото во насока на зголемена безбедност на граѓаните и нивните имоти при појава на пожари и останати природни непогоди.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје