Во Лешок одбележана 17-годишнината од загинувањето на Ѓоко Лазаревски
Во тетовското село Лешок денеска беше одбележана 17-годишнината од смртта на Ѓоко Лазаревски кој во 2001 година загина бранејќи го своето родно место. Ѓоко Лазаревски во конфликтот во 2001 година останал меѓу последните да го брани Лешок, обезбедувајќи отстапница на соселаните да се евкуираат од опколеното село. Тогаш имал 29 години и бил резервен полицаец. Бил погоден од шрапнел од минофрлачка граната, а починал по само неколку дена во Скопје каде е и погребан.
Со интонирање на македонската химна и подигање на националното знаме на јарболот од страна на синот, присутните се потсетија и му оддадоа почит на Лазаревски. По овој повод пред неговото спомен обележје беше отслужена панихида од страна на свештенослужители.
Човек еднаш се раѓа и двапати умира. Првиот пат, кога физички заминува од овој свет, а вториот пат кога ќе го заборават. Ѓоко ќе живее вечно во спомените на сите лешочани. Кога нашата татковина беше во опасност Ѓоко без двоумење застана во одбрана на Македонија и во одбрана на Лешок. Го жртвуваше животот на олтарот наречен Македонија и за подобро утре и посветлана иднина за нашите деца и сите нас. Тој покажа како се сакаат блиските свои и својата земја повеќе од сопствениот живот. Благодарение на неговата саможртва како и на останатите македонски бранители Лешок и Македонија живеат, беше речено во говорот по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Лазаревски..
Пред спомен обележјето на Ѓоко Лазаревски во Лешок цвеќе положија члрнови на семејството на загинатиот, како и претставници од Здружението на бранители Бедем, делегации на СВР Тетово, на АРМ, на полициската станица за безбедност во патрниот сообраќај Тетово, полициска станица Теарце, делегација на општинскиот комитет Тетово на ВМРО ДПМНЕ, на Унијата на жени при ОК Теарце на ВМРО ДПМНЕ, општинската организација на СДСМ Теарце, претставници на селото Непроштено, од Сојузот на воени инвалиди на Македонија, здруженијата на воени инвалиди Тетово, Охрид и Куманово, навивачката група Војводи од Тетово и претставници на месната заедница Лешок.
Ново на Сител
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти