Македонија
5. July 2016 - 13:19

Во Куманово утре ќе изврши дератизација против глувци

Општина Куманово денеска соопшти дека утре ќе изврши дератизација против глувци на подрачјето на општината. Третманот ќе се изврши со постваување мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.

Во случај третманот да не се изврши поради неповолните временски услови, дератизацијата ќе се одложи за наредниот ден.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.Од општина Куманово ги предупредија граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Оваа е прва дератизација која се спроведува на подрачјето на Куманово. Инаку,општината за дезинскеција и дератизација која ќе се одвива во неколку наврати одвои 700.000 денари од општинскиот буџет.