-->
-->
Во Куманово помош за семејства од ранливи категории
-->
Хуманитарното здружение „Крепост“ од Куманово во пресрет на Велигден подели помош за околу 60 семејства од ранливи категории.
До крајот на овој месец, како што информираа од организацијата, бројот на донации ќе се зголеми. Со помош во храна, облека покуќнина и лекови, ќе достигне до 100 семејства.
- Помошта е добредојдена за овие граѓани на кои им е потребно многу малку за да уживаат во празнникот, изјави Христијан Георгиевски од „Крепост“.
Помошта се донира за најзагрозените, оние кои имаат вистински егзистенцијални проблеми, кои се работно неспособни, со трајно нарушено здравје, самохрани родители.
„Крепост“ брои околу 100 активни членови, луѓе од најразлични профили, работници, наставници, лекари, уметници, продавачи, инспектори, такси возачи, земјоделци, адвокати, агрономи, студенти, кои донираат финансиски средства согласно можностите. Неретко, согласно потребите на загрозените, се донираат и лекови, постелнина, мебел, бела техника, помош за оние кои доживеале непогода, пожар, поплава.
- Ги повикуваме граѓаните да бидат дел од нашата хуманитарна дејност, или активно да се вклучат или сами да донираат и да помагаат на сиромашни сограѓани, рече Георгиевски.
Пораките за донирањето се испраќаат лично, но и преку социјалните мрежи.
„Крепост“ продолжува со донации и по празниците, со бесплатна правна помош и помош за наоѓање работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење