Во Куманово ангажирани 20 невработени преку проект „Локална прегратка“
Невработените лица кои се ангажирани во овој проект ќе добиваат финансиски надоместок од 9.000 денари, и како ангажирани ќе имаат можност да се стекнат со искуство кое понатаму ќе им помогне полесно да се снајдат на пазарот на трудот.
Бенефит од проектот ќе имаат лицата со попреченост кои ги користат услугите на дневните центри, информираше координаторот на проектот Татјана Стефановска .
Таму ќе бидат ангажирани ментори кои ќе им помагаат за полесна инклузија преку спорт, музика, драма, креативно изразување. Образовните асистенити ќе им помагаат на децата со попреченост опфатени во образованието во неколку училишта преку индивидуална работа. Годинава, новина е што ќе бидат ангажирани лица кои ќе им помагаат на старите и изнемоштените при секојдневна поддршка во извршување домашни активности, пазарење, придружба до лекари и слични активности.
Општина Куманово шеста година по ред реализира проект за општо корисна работа.
Ново на Сител
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина