-->
-->
Во Крушево ќе биде одбележан роденденот на Тоше
-->
Во Крушево денеска ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Велика Градишка во Хрватска.
Одбележувањето ќе започне со крводарителска акција во спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење, а во 10:30 часот е најавена промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музички настап на Никола Зацески со групата „Мелем“. Од 11 часот ќе биде промовирана збирката песни „1 200 молитви за Тоше“, со музички перформанс на Горан Папаз, а напладне ќе бидат доделени хуманитарни ваучери. Од 12:30 часот е планирана посета на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.
Од 14 до 16 часот во Спомен-куќата на Тоше ќе се одржи музичко-сценски настан насловен „Ангел си ти“ во изведба на камерниот оркестар од Битола со пијано трио од Скопје и со солисти од Македонската опера и балет под диригентство на Владимир Димовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Џонсон: Путин да беше жена, немаше да ја нападне Украина
-
Полицијата уби двајца напаѓачи при пукање во банка во Канада
-
Зеленски повика на акција во обраќањето до ОН, Русија одговори дека тоа е „ПР кампања“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ народот е се посиромашен, АД ЕЛЕМ понуди 17% поскапа струја
-
СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал
-
Пендаровски, Петровска и Османи на Самитот на НАТО во Мадрид
-
Полицијата казни 191 возач во Скопје, дури 49 од нив возеле пребрзо
-
Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по три предмети