Македонија
24. July 2018 - 8:28

Во Крива Паланка проекција на музички филм од „Џој фест“

Проекција на музички филм со мотив од алтернативниот рок фестивал „Џој фест“ се одржа синоќа на летната отворена сцена во градскиот парк во Крива Паланка.

Настанот го реализира Национална установа Центар за култура Крива Паланка како коорганизатор на локалната самоуправа на општината во програмата „Кривопаланечко културно лето 2018“.
 
- Станува збор за проекција на музички филм во периодот кога младите ја почнуваат летната забавна шема во градот, овозможувајќи им поинаква забава и атмосфера различна од секојдневието со избор музички видео - спотови од сите досегашни изданија на „Џој фест“ како најава и загревање за доаѓањето на „Риља чорба". Во ова логистички ни помага НУЦК Крива Паланка, за веќе втор пат летово направиме одлична забава - промоција и истовремено увертира во големата рок-забава што не очекува на „Џој фест 2018“ на 25 август, изјави Александар Михајловски, уметнички директор на фестивалот „Џој фест“.
 
Програмата на проекциите трае околу 100-тина минути, а целта е да се подигне свеста на младите за  забави и дружења.
 
Проекцијата е втора во низа од планираните вкупно три до одржување на фестивалот, кој според организаториите, и годинава се очекува да привлече илјадници туристи и гости од земјава и странство.Следната проекција  е закажана 31 јули 2018.