Во Кратово крстот го фати Давид Стојановски, додека во Ранковце – Филип Пауновски
Традиционално светиот крст во Кратово беше положен во осветените води на градскиот базен, а најсреќен меѓу пријавените беше Давид Стојановски. Во водите на базенот за фаќање на светиот крст учествуваа околу 30 учесници, а за првпат во овој град на учествуваше и девојка, младата Мери Стаменовска.
– Празнувајќи го денот на Христовото крштевање го празнуваме духовното раѓање и обнова на нашето единство преку верата. Одбележувајќи го настанот со осветувањето на водите и фрлањето на крстот по повод големиот верски празник Богојавление – Водици кој се одржува под покровителство на Општина Кратово и Македонската православна црква, Кумановско – осоговската епархија, даваме наш придонес кон негување на христијанските вредности. Нека е честит и вековит големиот верски празник Богојавление со желби за мир, здравје, радост, среќа и благосостојба, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски.
Додека, пак, во Ранковце, од водите на Ранковска Река светиот крст го извлече Филип Пауновски.
И во двете општини најсреќните верници добија подароци од општината, како и од покровителот на Богојавленскиот водосвет низ државата „Зегин”.
Честитки по повод големиот христијански празник, Водици упати и градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична