Македонија
16. February 2021 - 11:13

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 257 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти  и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.  

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК е хоспитализирана една пациентка.

Вкупно 257 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.