Во Косово нови осуммина заболени и 31 излекуван од Ковид-19
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден се потврдени нови осум случаи на заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од новиот коронавирус во земјата достигна до 870, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во саботата во земјата се регистрирани нови 31 случај на лица кои биле заразени, а кои, согласно методите на Светската здравствена организација, по две последователни испитувања, резултирале излекувани од Ковид-19.
Според официјалните статистики за пандемијата во Косово, бројот на лица кои ја пребродиле болеста, вклучително вчерашните излекувани, изнесува 653.
Во изминатите 24 часа не беше регистриран ниту еден смртен случај на лице заболено од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во земјата остана 28.
Според овие официјални податоци, во Косово моментално има 189 активни случаи на заразени од новиот вирус.
Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително вчерашните 177, изнесува 9.734.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот