-->
-->
Во Кочани лани одобрени 32 барања за набавка на механизација
-->
Мерките на Владата за унапредување и развој на земјоделството во Кочанско ги даваат очекуваните резултати. Минатата година само за мерката 121 - набавка на земјоделска механизација, преку Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството и руралниот развој во Кочани биле одобрени 32 барања за набавка на механизација.
- До нашата подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој беа поднесени 54 барања. Од нив според потполните и целосни документи се одобрени 32 барања на земјоделци од Кочанскиот регион. Одобрените барања се однесуваат на земјоделци од планинските села во општината како што се Жиганци, Мородвис и Новоселани со надморска височина од над 700 метри, на кои им беа вратени средствата за набавка на механизацијата и до 75 проценти, изјави Валентин Захариев од Подрачната единица на агенцијата во Кочани.
Захариев истакна дека кај земјоделците од Кочанско постои голем интерес и за претстојниот оглас од програмата за рурален развој кој треба да стартува денови, и тоа за мерките кои се однесуваат првенствено за млади земјоделци, за набавка на механизација и за подигање нови овошни и лозови насади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови