Во Киркук е воведен полициски час
Во ирачката провинција Киркук од денеска е воведен полициски час, објави телевизијата „Ас Сумарија“.
Мерката е воведена во момент кога во автономната област Ирачки Курдистан се одржува референдум за независност. Киркук, која е ирачка провинција богата со нафта, не влегува во состав на Ирачки Курдистан, но фактички е под контрола на курдските оружени формации - Пешмерга и во неа се одржува гласање.
Член на Пешмерга беше убиен, а двајца се повредени откако вооружени луѓе отвориле оган во источниот ирачки град Туз Курмато, во момент кога се одржува референдумот за независност на Ирачки Курдистан.
Според извор од безбедносните сили, на кој се повикува ДПА, престрелката се случила во близина на канцеларии на Курдистанската патриотска унија, една од главните партии во тој регион.
Туз Мурмато е град јужно од Киркук во една од областите каде има несогласување меѓу централната влада и ирачкиот автономен курдистански регион.
Ирачкиот парламент гласаше денеска да бидат испратени воени сили во Киркук и други области во Ирачки Курдистан каде во тек е референдум за независност.
Според изборната комисија, досега повеќе од 70 отсто од жителите со право на глас излегле на референдумот на гласање во ирачкиот автономен регион. Гласањето е продолжено за еден час, а официјалните резултати ќе бидат објавени за 24 часа.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка