Во Киркук е воведен полициски час
Во ирачката провинција Киркук од денеска е воведен полициски час, објави телевизијата „Ас Сумарија“.
Мерката е воведена во момент кога во автономната област Ирачки Курдистан се одржува референдум за независност. Киркук, која е ирачка провинција богата со нафта, не влегува во состав на Ирачки Курдистан, но фактички е под контрола на курдските оружени формации - Пешмерга и во неа се одржува гласање.
Член на Пешмерга беше убиен, а двајца се повредени откако вооружени луѓе отвориле оган во источниот ирачки град Туз Курмато, во момент кога се одржува референдумот за независност на Ирачки Курдистан.
Според извор од безбедносните сили, на кој се повикува ДПА, престрелката се случила во близина на канцеларии на Курдистанската патриотска унија, една од главните партии во тој регион.
Туз Мурмато е град јужно од Киркук во една од областите каде има несогласување меѓу централната влада и ирачкиот автономен курдистански регион.
Ирачкиот парламент гласаше денеска да бидат испратени воени сили во Киркук и други области во Ирачки Курдистан каде во тек е референдум за независност.
Според изборната комисија, досега повеќе од 70 отсто од жителите со право на глас излегле на референдумот на гласање во ирачкиот автономен регион. Гласањето е продолжено за еден час, а официјалните резултати ќе бидат објавени за 24 часа.
Ново на Сител
-
Нови 400 случаи на Ковид-19, 11 починати и 206 оздравени пациенти во изминатото денонoќие
-
Мицкоски: Власта не се консултира со опозицијата за пакетот мерки
-
Владата го утврди Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации
-
Бектеши: Се укинуваат царинските стапки за 71 тарифна ознака
-
Харадинај до Вучиќ: Треба да го признаете Косово за да спречите создавање на „Голема Албанија“
-
Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година
-
Шилегов: Автобуското метро годинава почнува да станува реалност
-
Средношколците од четврток ќе бојкотираат настава