Во Кина вакцинирани преку 22 милиони луѓе
Кина примени околу 22,8 милиони дози вакцина против Ковид-19, изјави денеска здравствен службеник, додека земјата ја интензивира кампањата пред лунарните новогодишни празници во февруари и зголемените патувања.
Најнаселената земја во светот ја прошири својата таргетирана програма за вакцинирање од средината на декември за да вклучи повеќе приоритетни групи со поголем ризик од изложеност на вирусот, во обид да се спречи ширењето на инфекцијата во зимскиот и пролетниот период.
Кина има намера да вакцинира 50 милиони луѓе пред лунарната Нова година во февруари, објави Глобал тајмс.
Националната програма за вакцинација сега фаворизира клучни групи како што се медицински лица, вработени во транспортните и прехранбените услуги, како и вработени и студенти кои заминуваат во странство.
Сепак, во некои делови на Пекинг веќе започна вакцинацијата и на граѓани надвор од приоритетните групи.
Вкупно 89.272 случаи се потврдени во континентална Кина, а бројот на починати сè уште е 4.636.
Властите низ целата земја воведоа дополнителни мерки, вклучително и домашен карантин, ограничувања за патувања и масовно тестирање.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја