Во Кавадарци изложба по повод 25 години независна Македонија
Изложба по повод 25 години независна Македонија беше отворена денеска во Музејот - галерија во Кавадарци.
Директорот Петре Камчевски информираше дека изложбата ја сочинуваат 20 банери на кои се претставени документи и фотографии од изминатите 25 години, кои го опфаќаат секој сегмент од општествено-политичкиот развој и живот на државата, како што е процесот на осамостојување, првите важни акти, спорт, култура, уметност и слично.
Дора Јурукова од Државен архив на Македонија, соопшти дека на изложбата се претставени најзначајните случувања и моменти од референдумот до денес кои говорат за осамостојувањето на Република Македонија, монетарното осамостојување, формирањето на Македонска војска, полиција, влегувањето во ОН и други значајни случувања.
- Имавме идеја и цел да ги прикажеме сите настани од сите аспекти, не само од политичка гледна точка, туку и од аспект на култура, уметност, наука. Беше навистина интересно да се потсетиме на настаните кои претходеа на осамостојувањето, рече Јурукова.
Пораката е, нагласи таа, се што е вткаено во борбата за осамостојувањето "да не се заборави, да биде поттик, да се бориме, да оставиме нешто за идните наши генерации".
- Имаме со што да се пофалиме. Овде се вредни документи, одлуката за референдум, првите македонски симболи, првите поштенски марки, нашиот национален ансамбл и други значајни документи. Сите ние сме Македонија и заедно ја градиме нашата иднина, додаде Јурукова.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена