Македонија
15. March 2019 - 8:45

Во касата на општина Дебар на име концесии лани се слеале над 2,6 милиони денари

Општина Дебар, во текот на минатата година од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општината, инкасирала 2.651.000 денари.

Најголем износ во буџетската каса се слеале од фабриката „Кнауф“ за концесија за експлоатација на гипсена руда и тоа во износ од 1.269.000 денари. -Веднаш по „Кнауф“ по износ се „Дебарски Бањи-Цапа“ за искорисување на термоминеални води, или 806.000 денари. Од концесија за гипсена руда, од фирмата „Дигипс“ во буџетот се слеани 228 илјади денари, додека од „Лика комерц“ за ископ на камен 18.000 денар. Над 105 илјади денари се од компанијата Скопски легури „Мај минг“ ДОЕЛ Скопје, за добиена концесија за води, додека останатите средства за иста концесија се од компанијата „Мали Лошињ“, изјави Ќазим Ќормемети, раководител на секорот за финансии и буџет при општина Дебар.

Споредено со минатата година, оваа година инкасирани повеќе средства или 650 илјади денари.

– Средствата добиени по овој основ, се добредојдени,бидејќи истите се насочуваат во проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните на општината, посочува Ќормемети.

Средствата, додава тој, се добиваат преку Министерството за економија , каде се слеваат сите средства од концесиите, а потоа 80 отсто од нив се трансферираат во општинската сметка.