Во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објект за тактички вежби
- На цвечена церемонија денеска во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објектот за тактички вежби.
Настанот е во организација на Министерството за внатрешни работи, а во соработка со ИЦИТАП - Одделот за правда на САД, Европската команда на Армијата на САД и американската Амбасада.
Пред присутните воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, американскиот амбасадор Џес Бејли и директорот на Европската команда на армијата на САД во Штутгартт, Вејн Раб.
Спасовски и Бејли на церемонијата е предводено да потпишат писмо за донација, а потоа следува откривање на плочата и свечено пуштање во употреба на објектот. Донацијата изнесува над 900 илјади долари.
По разгледувањето на објектот планирана е и показна вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница