Во карантин прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос
Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос од вчера е во целосен карантин, откако се регистрирани два случаи на Ковид-19 кај 35-годишен мигрант смесен во кампот и кај вработена во центарот.
Како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, претставници на Националната организација за јавно здравје ги проверуваат контактите на потврдените сучаи.
Заразениот 35-годишен човек е од Јемен и е хоспитализиран со благи симптоми.
Согласно издадената заедничка министерска одлука на министрите за цивилна заштита и за миграција и азил, а во соработка со Националната организација за јавно здравје, прифатниот центар ќе биде во карантин до 25 авгут 2020 година.
Тоа значи дека целосно е забранет влез и излез од бегалскиот камп, а привремено се прекинуваат и сите планирани активности на Невладините организаци во центарот, додека пак веќе е засилено присуството на полицијата за почитување намерките.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта