Во Калифорнија поради шумски пожар евакуирани 7.000 луѓе
Шумски пожар засилен од ветрот што избувна на имотот каде што се наоѓа базата на американската морнарица во јужниот дел на Калифорнија, предизвика евакуација на над 7.000 луѓе.
Таканаречениот „Крик пожар“, активен шумски пожар кој гори од септември, избувна синоќа покрај патот на источниот раб на кампот „Пенделтон“ северно од Сан Диего. Пожарот до денеска зафати околу 3.000 хектари, соопштија локалните власти.
Во пожарот нема жртви ниту штета, но утрово е издадена наредба за евакуација на луѓето сместени во базата, како и во блиската населба Фолбрук, каде живеат 7.000 лица.
Според податоците од пладне по локално време, пожарникарите не биле во можност да го изгаснат пожарот, и покрај тоа што дотогаш ослабеле силните ветрови.
Во моментов во тек е истрага за причините за пожарот.
Овогодишната сезона на шумски пожари во Калифорнија беше една од најлошите. Пожарите зафатија над четири милиони хектари и над 10.000 домови и згради, а животот го загубија 33 лица.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори