Свет
1. August 2015 - 20:16

Во Калифорнија активни се 18 пожари

Пожарникар загина при гаснењето на еден од 18. пожари кои горат во Калифорнија, изјави гувернерот на американската сојузна држава Едмунд Браун.

Тој поради пожарите прогласи вондредна состојба во Калифорнија.

Околу 8.000 пожарникари се борат со огнената стихија во Калифорнија, а на помош беше повикана и Националната гарда.

Пожарите во Калифорнија се честа појава поради сушата кој трае четири години. Поради сушата во април беа воведени големи ограничувања на употребата на вода.