Во јуни 185 одобренија за градење, помалку за 23,6 проценти на годишно ниво, во Скопје 242 нови станови
Во јуни годинава се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 301 354 илјади денари, за 35,4 проенти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во Скопскиот регион се издадени 43 одобренија, од кои осум во Општина Аеродром, по шест во Центар, Илинден и Петровец, пет во Чучер Сандево, три во Гази Баба, две во Бутел и по едно одобрение во Сарај и во Шуто Оризари.
За општините од Полошкиот регион се издадени 38 одобренија, Пелагонискиот 29, Вардарскиот 23, Источниот 20, Југоисточниот 14, Југозападниот 13, додека Североисточниот повторно е најмалку одобренија, односно издадени се само пет.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 108 (58,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37(20 проценти) за објекти од нискоградба и 40 (21,6 проценти) за објекти за реконструкција. На 112 (60,5 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (39,5 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 400 станови со вкупна корисна површина од 35 505 метри квадратни. Најголем дел од становите, 242, се во Скопскиот регион, односно 89 се во Општина Аеродром, 82 во Општина Бутел, 52 во Општина Центар. Во Југозападниот регион ќе се градат 82 стана, од кои 80 се во Кичево, во Полошкиот 30, во Пелагонискиот 19..., покажуваат податоците на ДЗС.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници
-
Првото бебе во Гостивар е девојче, од Општината доби ваучер од 30.000 денари
-
Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
-
Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти
-
Мирна новогодишна ноќ во Струга, една сообраќајна незгода
-
Фицо предупредува на тешки последици од прекинот на транзитот на руски гас преку Украина
-
Тошковски: Граѓаните не треба да бидат казнети поради возачките дозволи
-
Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството