Во Италија запленета албанска мархуана вредна 35 милиони евра
Италијанските полиција разби албанско-италијанска нарко група, која се занимавала со шверц на дрога, главно марихуана по потекло од Албанија.
Како што јави допсиникот на МИА, во акцијата за разбивање на групата се запленети 3,5 тони марихуана, чија вредност на пазарот достигнува околу 35 милиони евра.
Во акцијата се уапсени 14 лица, кои „оперирале“ на подрачјето на Бриндзи, каде дрогата ја носеле од Албанија.
Групата била следена подолг период, а во акцијата се запленети и оружје, муниција, како и два пловни објекта со кои била транспортирана дрогата.
Во друга акција, италијанската полиција кај плажата Порто Реканати запленила уште 700 килограми марихуана, прошверцувани од Албанија.
Дрогата, која била спакувана во 28 пакети, била откриена при рутинска контрола на моторен чамец забележан во водите крај брегот.
Албанската полиција, пак, во акција во селото Дом кај градот Пук, запленила 170 килограм марихуана и 37 клограми ТНТ експлозив.
Запленетата дрога и експлозив биле откриени во куќа на четворица браќа, која служела како магацин, бидејќи тие повеќе не живееле во селото.
Ново на Сител
-
Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист