-->
-->
Во источна Германија нападнат автобус со бегалци
-->
Претставници на Германската полиција потврдиле дека вчера вечер во близина на местото Јансдорф до градот Кемниц група луѓе нападнале автобус што превезувал бегалци во сместувалиште во овој дел од земјата.
Агенцијата ДПА пренесува дека група од неколку луѓе кои што биле придружувани од поголема група фрлале големи камења и запаливи средства на автобусот во кој се наоѓале баратели на азил.
Полесно е повреден возачот на автобусот а скршен е и еден прозорец на возилото. Портпаролот на локалната полиција Катлен Деч изјавила дека мигрантите по нападот не сакале да заминат предвиденото сместувалишт и биле пренесени на други локации.
Германија годинава се соочува со над 730 инциденти во кои нападнати се центри за бегалци. Досега процесирани се само дваесетина инциденти во кои имаше насилство врз бегалци или беа палени и поплавувани нивните сместувалишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци