Балкан
4. November 2015 - 9:04

Во Истанбул приведени 15 млади членови на ПКК

Турската полиција приведе денеска 15 луѓе во операција во Истанбул против младинското крило на Курдската работничка партија (ПКК), јави турската телевизија НТВ.

Во операцијата учествуваа тимови на Дирекцијата за борба против тероризам, специјалци и полициски хеликоптери.

Акциите беа извршени во квартовите Газиосманпаша и Султангази и притоа е одземено оружје. Сомненијата на полицијата се дека приведнеите учествувале во голем број криминални дела.

Турските власти продолжија со операции против ПКК веднаш по парламентарните избори во неделата.