Свет
21. November 2015 - 14:56

Во Иран се урна странски дрон

Во југозападниот дел на Иран се урна странски дрон за набљудување, објави денеска иранската новинска агенција Фарс.

Беспилотното летало вчера се урнало во предградието на градот Шус, во близина на границата со Ирак, но не се наведуваат повеќе детали.

Фарс не наведува ниту дали дронот е соборен ниту на која земја припаѓа.

Официјален Техеран изминатите години повеќепати тврдеше дека соборил американски дронови.