Македонија
6. August 2024 - 14:22

Уапсен Мексиканец на ГП Богородица - Приложил фалсификувана возачка дозвола

Денеска во 02.30 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода 40-годишниот В.Л.Х.Ц. од Мексико, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола, извести МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.