Во Иран извршена втора егзекуција на осуден демонстрант
Иранските власти денеска ја извршија втората егзекуција поврзана со речиси тримесечните протести, јавија локалните медиуми
– Маџидреза Рахнавард, кој беше осуден на смрт на 29 ноември за убиство со нож на двајца чувари и повредување на четворица други, беше егзекутиран јавно во Машхад, се вели во извештајот.
Првото извршување на смртна казна на осуден учесник во протестите се случи пред неколку дена кога маж осуден за повреда на припадник на паравоени сили за време ан протестите беше егзекутиран во Техеран.
– Презирот на иранските власти кон човештвото е неограничен, изјави тогаш германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок реагирајќи на егзекуцијата.
– Сепак, заканата со егзекуција нема да ја смири желбата на луѓето за слобода, додаде таа.
Франција, исто така, изрази „силна осуда“ по егзекуцијата во Иран на мажот обвинет за ранување на член на паравоена група.
– Оваа егзекуција се додава на други тешки и неприфатливи прекршувања, рече портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан Клер Лежандре.
Тримесечните антивладини демонстрации на кои интервенираа иранските безбедносни сили беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Иран.
Во меѓувреме, демонстрациите се претворија во повици за соборување на верските владетели во Иран и претставуваат еден од најсериозните предизвици за иранските власти од револуцијата во 1979 година.
Револуционерниот суд на Иран редовно изрекува смртни казни. Судот е основан по исламската револуција во 1979 година.
Ново на Сител
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка