Балкан
6. December 2016 - 11:23

Во Инџирлик средба на началниците на генерал-штабовите на Турција и САД

Началникот на Генерал-штабот на Турција Хулуси Акар и началникот на Здружениот генерал-штаб на вооружените сили на САД Џозеф Данфорд се состанале вчера во авиобазата Инџирлик во јужна Турција, соопшти турската армија.

Во соопштението се наведува дека генералот Данфорд бил на божиќна посета на американскиот воен персонал, кој служи таму.

Во базата се сместени авиони ловци, кои учествуваат во кампањата на меѓународната коалиција, раководена од САД против Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Ова е втората средба на двајцата команданти на вооружените сили на Турција и на САД изминетите месеци.