СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува кочничар на реформите и професионализацијата во МРТ и АВМУ
ВМРО-ДПМНЕ и Илија Димовски се уште свесно ја кочат постапката за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува главен кочничар на реформата и професионализацијата на МРТВ и АВМУ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги задржи своите кадри кои придонесоа за пад на довербата на публиката во јавниот сервис, а против кои во изминатиот период се отворени и кривични постапки поради вмешаност во коруптивни зделки и злоупотреби на позицијата.
Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Димовски ведннаш да се откочи процесот на да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања.
Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.
Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.
Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.
Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата