Во индустријата бројот на работниците со раст од 0,8 отсто
Бројот на работниците во индустријата од јануари до јуни годинава во споредба со тој период лани бележи раст од 0,8 отсто, во јуни годинава, пак, растот е 2,4 отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи опаѓање од 0,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,8 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,5 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,7 отстсо, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,2 отсто, Капитални производи за 15,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје