-->
-->
Во Холандија уапсени петмина Албанци со 120 килограми кокаин
-->
Холандската полиција во пристаништето во Ротердам спречила шверц на 120 килограми кокаин, при што се уапсени петмина албански државјани од 27 до 43 годишна возраст.
Еден од уапсените Албанци при обид да побегне бил каснат од полициското куче трагач на дрога.
Дрогата била скриена во ранци кои биле ставени во контејнер со банани. Прво биле откриени 85 килограми, но по втората контрола во контејнерот полицијата го отркила и останатато количество на кокаин, чија вредност се проценува на четири милиони евра.
Дрогата, според полицијата пристигнала од Еквадор. Холандските медиуми, на кои се повикува порталот Албеу, наведуваат дека дрогата веднаш била уништена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителите велат дека Трамп дејствувал во лично својство кога се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година
-
Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе
-
29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
-
Уставен ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација од Џафери
-
Продолжение на 16-тата собраниска седница
-
Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“
-
Најмалку шест луѓе загинаа во израелски напад врз Бејрут
-
Руска бомба погоди станбена зграда во Харков