Во Холандија трета ноќ немири поради мерките против Ковид-19
Низ Холандија синоќа трета ноќ по ред избувнаа немири во неколку градови каде полицијата се судри со голем број демонстранти кои предизвикаа пожари и фрлаа камења изразувајќи незадоволството поради мерките против ширење на Ковид-19.
Немири беа пријавени во градовите Леуварден, Гронинген и во Еншеде и Тилбург.
Во Еншеде, каде беше прогласена вонредна состојба, полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со пендреци.
Во Ливарден, полициските возила беа гаѓани со камења, а демонстрантите скандираа и запалија факели.
Полицијата соопшти дека пет полицајци биле повредени во саботата вечерта, а најмалку 64 лица биле уапсени во три региони, вклучително и десетици од оние кои фрлале пиротехника и огради за време на фудбалски натпревар на стадионот Феенорд во Ротердам.
Последните немири почнаа во петокот вечерта во Ротердам, каде што полицијата реагираше на зголемувањето на бројот на демонстранти, а градоначалникот протестот го опиша како „оргија на насилство“.
Протестите се против владините планови да ја ограничи употребата на сертификати за „Ковид“ на луѓе кои прележале Ковид-19 или биле вакцинирани, со што се исклучуваат оние со негативен тест за вирусот.
Холандија минатиот викенд повторно воведе мерки за изолација за 17,5 милиони жители за три недели во обид да го забави повторното ширење на вирусот, но дневниот број на нови случаи на инфекција остана на највисоко ниво од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад