Во Хамбург продолжуваат апсењата поради насилните протести
Германската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите на улицата „Шултенблат“ во Хамбург, каде одржаните насилни протести против средбата на Г-20 можат да ги отежнат разговорите на светските лидери.
Полицијата утринава соопшти дека само во една зграда биле уапсени 13 лица, а состојбата во квартот Шанценфиртел, каде што се одржуваат протестите, се смирува. Досега се приведени над 100 учесници во протестите.
На телевизиските снимки се забележува како полицајци влегуваат во зградите, а на небото кружат хеликоптери. За отстранување на барикадите, поставени од демонстрантите, биле употребени транспортери. Полицијата потврди дека била нападната од демонстранти вооружени со „молотови коктели“, метални прачки и камења, а околу 500 лица искршиле излози и ограбиле супермаркети и помали продавници.
Портпаролот на полицијата, Тимо Цил изјави дека е потресен од насилството, кое започна во четвртокот.
- Никогаш не сме се соочиле со толкаво ниво на омраза и насилство, истакна Цил.
Локалната полиција побарала засилување од над 900 полицајци од другите градови на Германија, со цел да ја смири ситуацијата во Хамбург.
Во немирите се повредени 197 полицајци и десетици демонстранти. Според противпожарната служба, околу 60 цивили биле пренесени во болница.
Германската канцеларка Ангела Меркел ги осуди насилните протести и дивеењето на демонстрантите, нагласувајќи дека е „неприфатливо да се загрозуваат животите на луѓето“.
Во текот на денешниот, последен ден од средбата на Г-20, се очекува околу 100.000 луѓе да се приклучат на протсетите, кои се организирани на еден од плоштадите во Хамбург.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата