Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
Утрово на авенијата Меликишвили во Тбилиси почнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите кои не ги признаваат резултатите од парламентарните избори.
Полицијата се обидува да ги потисне демонстрантите и употребува солзавец, пренесува порталот civil.ge.Полицијата соопшти дека се уапсени околу десет лица.
Централната изборна комисија (ЦИК) во Грузија во саботата ги објави конечните резултати од парламентарните избори, според кои владејачката партија Грузиски сон победи со 53,93 отсто од гласовите и освои 89 од 150 мандати во Собранието.
Покрај Грузискиот сон, прагот од пет проценти го поминаа четири опозициски партии.Опозицијата во Грузија го негира легитимитетот на изборите, најавувајќи континуирани протести до распишување нови избори.
Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили ги отфрли изборните резултати и побара итна истрага за изборниот фалсификат.
Ново на Сител
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад