Балкан
24. October 2016 - 14:33

Во Грција запленети 174 килограми хашиш

Грчката полиција откри и заплени 174 килограми хашиш во автомобил управуван од 44-годишен Албанец, објави денеска електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.

Автомобилот бил запрен вчера во близина на грчко-албанската граница. Хашишот бил распореден во 90 пакетчиња.

Возачот е приведен, а автомобилот запленет.

Грчката полиција на почеток од месецот откри и заплени 250 килограми хашиш.