Во Грција се проширува програмата за домување за мигрантите
Програма за обезбедување дом за баратели на азил во Грција со платена годишна кирија ќе се прошири на општините низ целата земја со цел да се обезбедат достоинствени услови за живот на мигрантите и бегалците.
Програмата, која ја менаџира УНХЦР, има за цел да смести 22.000 лица во станови до крајот на годинава, и чини 93,5 милиони евра кои се обезбедуваат од европски фондови. Според извештаите, програмата треба да продолжи и во 2018 година, а можеби и 2019 година.
Учесници во иницијативата досега се општините Атина, Солун, Ливадја (централна Грција), Крит и 14 невладини организации. Вчера во иницијативата се вклучи и општината Неа Филаделфија-Халкидона, а се очекува наскоро да се вклучат и локалните власти во Трикала, Каридица и Лариса.
Локалните власти ги повикаа сопствениците кои сакаат да изнајмат стан да поднесат барање до нивната општина, становите мора да бидат со големина од 60 до 120 квадратни метри, а во рамките на програмата ќе бидат покриени сите трошоци за измени и поправки.
Според Стела Нану од УНХЦР, од почетокот на програмата во 2016 година помогнато им е на повеќе од 30.000 луѓе. Многу од нив веќе се преселиле во други земји од ЕУ како дел од програмата за преселување.
Ново на Сител
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат